
Федералните резерви ја задржаа основната каматна стапка непроменета во средата и навести дека се очекува само едно намалување пред крајот на годината.
Новите прогнози објавени по дводневниот состанок оваа недела укажаа на само благ оптимизам дека инфлацијата останува на пат да се врати на целта на ФЕД од 2%, што ќе овозможи одредено ублажување на политиката подоцна оваа година.
„Инфлацијата се намали во текот на изминатата година, но останува висока“, се вели во соопштението по состанокот, повторувајќи го јазикот од претходната изјава.
ФЕД ги држи каматните стапки на највисоко ниво во последните 23 години речиси една година, откако започна агресивна кампања за зголемување на каматните стапки во март 2022 година.











