
Германскиот концерн Siemens Energy доби од Саудиска Арабија договор вреден над 1,4 милијарди евра во областа на енергетиката.
Германскиот концерн гради две огромни електрани во Саудиска Арабија, едната на гас, а другата на термо, кои заедно ќе произведуваат речиси четири гигавати електрична енергија.
Овие електрани треба да ги заменат електраните на нафта и да заштедат до 60 проценти од емисиите на јаглерод диоксид. Договорот вклучува и одржување на електраните на 25 години, објави во понеделникот Сименс.
Договорен партнер и носител на проектот е кинеската групација China Energy International Group.











