
На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,50 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,85 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 159,70 на 159,60 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0735 долари, додека вчера во ова време беше 1,0695 долари.
И додека курсот на доларот во однос на јенот во последните денови стагнира малку под границата од 160 јени бидејќи инвеститорите се плашат од интервенцијата на јапонските власти, цената на еврото синоќа достигна рекордно ниво – 171,49 јени.
Цените на нафтата, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,07 отсто, на 86,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,08 отсто, на 81,70 долари.











