Продажбата на нови станови и куќи во САД падна во мај

79

Продажбата на нови домови и станови во САД падна за 11,3 отсто во мај во споредба со април на 619.000 единици на годишно ниво, објави денеска Министерството за трговија.
Тоа е за 16,5 отсто помалку од лани во мај. Повеќето аналитичари очекуваа продажба од околу 650.000 единици.

Во мај во САД биле на продажба 481.000 станови и куќи, што според темпото на продажба во мај значи 9,3 месеци залиха. Просечната цена на нов стан или куќа продадена во мај беше 417.400 долари

Побрзата продажба и понатаму е попречена од високите каматни стапки на хипотекарните заеми. Просечната каматна стапка за најпопуларната 30-годишна хипотека сè уште е малку повисока од седум проценти, според хипотекарната банка Фреди Мек.

Кога американското Министерство за трговија го објави својот извештај за мај, значително ги ревидираше податоците за февруари, март и април нагоре.