Хрватска монета влезе во Гинисовата книга на рекорди

Хрватската монета влезе во Гинисовата книга на рекорди со производство на најмалата монета во светот со димензии 1,99 mm и тежина од 0,05 g.

На паричката, поточно златникот, стои мотивот на истарскиот град Хум, кој многумина го нарекуваат „најмалиот град на светот“.

Монетата е издадена од Хрватската народна банка, а кована од Хрватската ковачница на крајот на 2022 година. Златникот е издаден во нумизматичката гарнитура „Hum i Zvjezdarnica Višnjan“ во серија од само 199 парчиња.

Инаку, Хум е населба во централна Истра, дел од градот Бузет во округот Истра. Има само 30 жители. Често се наведува како најмал град во светот, но не е вклучен во Гинисовата книга на рекорди. Административно, Хум воопшто не е град, туку населба во рамките на градот Бузет.