Нов лидер меѓу електричните автомобили во Европа, Tesla симнат од тронот

Тесла Модел Y се етаблираше како еден од најуспешните електрични автомобили во Европа во последниве години, но најновите бројки за продажба носат интересен пресврт. Во текот на октомври, најпродаван електричен автомобил на европскиот пазар беше Škoda Elroq, додека теренецот на Тесла падна на четвртото место.

Според прелиминарните податоци од аналитичката компанија Dataforce, објавени од Automotive News Europe, Škoda Elroq оствари 9.384 регистрации во октомври.

Моделот Y на Тесла забележа 8.309 регистрации во исто време, што беше доволно само за четвртото место. Renault 5 E-Tech со 8.933 и BMW iX1 со 8.359 регистрирани единици завршија пред Тесла.