АвтоВАЗ објави фотографии и детали од Лада Искра, која ќе биде позиционирана помеѓу моделите Грант и Веста.
По воведувањето на економските санкции, руската автомобилска индустрија претрпе голем удар. Западните производители се повлекоа, а домашните останаа на цедило, без потребните делови, технолошка поддршка и логистика.
Меѓутоа, руската економија преживеа, а автомобилската индустрија се покажа многу издржлива и покрај почетниот драстичен пад. Секако, помогнаа и Кинезите, но и брзата способност да се прилагодат на новите услови, што се чини дека е карактеристично за сите Словени, пишува Индекс.
Како и да е, Iskra е тука како прв нов модел на AvtoVAZ по долго време. Автомобилот беше претставен деновиве како дел од Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
Малиот седан ќе биде позициониран помеѓу Granta и Vesta во гамата на Lada. Користи „модерна глобална механичка платформа“ и според сите сметки, тоа е модел чиј развој започна додека Renault сè уште беше присутен.
Сериското производство ќе започне на почетокот на следната година, а цената не е позната. Се очекува да биде помеѓу 7.300 и 12.800 евра.
По Iskra, се очекуваат уште најмалку две каросериски верзии, вклучувајќи и кросовер. Судејќи според моменталната геополитичка ситуација, Искра, како и другите лади, нема да се види во Европа наскоро.