Кина ги заостри регулативите за екстракција на технолошките минерали, заканувајќи се со казни за нелегално ископување, преработка и трговија со клучните суровини за производство на „зелена“ технологија и полупроводници.
Одлуката беше потпишана од премиерот Ли Кианг во текот на викендот, објави во понеделникот новинската агенција Xinhua. Прописите треба да стапат во сила од 1 октомври годинава.
Кина е водечки светски производител на група минерали кои вклучуваат лантаниди, скандиум и итриум и се користат, меѓу другото, во производството на батерии, електрични автомобили и полупроводници.
Во новата регулатива владата нагласува дека технолошките минерали се сопственост на државата и дека ниту една организација или поединец не смее да ги бара или да ги уништува. Државата, пак, се обврзува на внимателно вадење, контрола и квоти за експлоатација и преработка.
Во 2022 година, Кина ископа околу 70 отсто од технолошките минерали на глобално ниво, со што се осигура нејзината позиција на работ на монополот, а исто така има 85 отсто удел во преработката.
Во 2022 година ЕУ увезла 18.000 тони технолошки минерали, девет отсто повеќе од една година претходно, покажуваат податоците на Европската статистичка служба, објавени на крајот од минатата година. Вредноста на увозот скокнал за 37 отсто, на 146 милиони евра, а Кина беше главен снабдувач.
Пекинг минатата година веќе го ограничи извозот на германиум, галиум и графит поради трговските тензии во односите со САД и со ЕУ.