Министерот за енергетика на Саудиска Арабија, принцот Абдулазиз бин Салман објави дека се откриени седум наоѓалишта на нафта и гас во источната провинција и регионот познат како Празен кварт (Empty Quarter), јави официјалната саудиска новинска агенција SPA.
Тој изјави дека државната нафтена групација Сауди Арамко открила две неконвенционални нафтени полиња, резервоар со лесна арапска нафта, како и две полиња и резервоари со природен гас, пренесе Ројтерс.
Две неконвенционални нафтени полиња и еден резервоар за лесна нафта беа откриени во источната саудиска провинција.