На девизните пазари се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,95 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,70 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 160,95 на 161,55 јени, блиску до највисокото ниво во последните 38 години.
Затоа, будно се следи дали јапонските монетарни власти ќе интервенираат, како што направија неодамна, за да спречат натамошно слабеење на јенот.
И додека порасна во однос на јенот, американската валута стагнира во однос на европската, па цената на еврото се движи околу 1,0735 долари, исто како вчера во овој момент.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,27 отсто, на 86,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,19 отсто, на 83,55 долари.