Управата за јавни приходи до 25 јули очекува 40.509 пријави за ДДВ

Од трети до 25 јули даночните обврзници можат да го поднесат образецот ДДВ-04 на шалтерите на Управата за јавни приходи.

Од УЈП очекуваат за овие дваесет дена да бидат поднесени 40.509 пријави.

„Ве повикуваме, да ги искористите следните бенефити од раното поднесување на ДДВ – 04 пријавата:

Дознајте порано дали вашата пријава е примена, и обработена без грешки.
Навремено испланирајте го Вашиот буџет за исполнување на даночните обврски.
Добијте го порано бараниот ДДВ. Рокот од 30 дена за враќање на ДДВ почнува да тече од денот кога сте го доставиле образецот со искажаното барање за враќање.
Избегнете го стресот од пријавување и плаќање на обврската за ДДВ во последен момент. Спокојно користете го месецот на годишни одмори“, стои во соопштението на УЈП.