
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2024 година, во споредба со мај 2024 година, е зголемен за 0.2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци зa 0.2 % и Безалкохолни пијалаци за 2.6 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 4.9 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.7 %, додека во однос на декември 2023 година е зголемен за 2.1 %.











