Skype поврзува – емотивна средба на Сара и Пејџ

46

skype

Во четвртиот спот на Skype, дел од серијата фамилијарни портрети, раскажана е приказната на две девојчиња, едното од Индијана САД, другото од Нов Зеланд. Сара и Пејџ имаат специјална врска, ги зближува тоа што двете се родени без целосно развиена лева рака. Први во контакт стапиле нивните мајки, а пред осум години девојките почнале да комуницираат преку Skype и станале најдобри другарки. Но никогаш не се сретнале во живо… се досега.