Во случај што може да ги натера некои сопственици на BMW да ја преиспитаат својата љубов кон пофините работи, сопственикот на X5 од 2013 година излезе победник – и без палец, но 1,9 милиони долари побогат, откако победи во тужбата против германскиот производител на автомобили.
Годвин Боатенг, самовработен софтверски инженер, го тужеше BMW и тврдеше дека автомобилот буквално му го отсекол врвот на палецот. Сето ова се случи поради вратите со автоматско затворање, кои имаат вграден електромотор. Во јули 2016 година, њујорчанецот Годвин Боатенг ја потпре десната рака на работ од малку отворената возачка врата. Вратата потоа се затвори, а палецот остана заглавен. Хирурзите не можеле да го закачат отсечениот дел. Боатенг го тужеше BMW за 3 милиони долари, тврдејќи дека ќе изгуби 250.000 долари годишно како самовработен софтверски инженер.
BMW го прегледа X5 на Боатенг и заклучи дека нема проблеми со затворањето на вратите (што друго?) и дека прирачникот на сопственикот содржи предупредувања за вратите. Случајот отиде на судење, а претходно овој месец поротата му додели на Боатенг 1,9 милиони долари отштета. Иако беше откриено дека BMW не е виновен за неисправната врата, жирито сепак најде дека е 100% виновен за повредата на палецот на Боатенг, пишува ревија Хак.
Еве, нека ви биде и ова предупредување да не ги ставате прстите на рамката на вратата (со меко затворање). Но, вистинското прашање е – зошто воопшто би го направиле тоа…