Која е најприфатлива земја за живеење на иселениците

116

Избраната најдобра земја за иселениците: таа е иста земја веќе четири години

Најприфатлива земја за живеење на иселениците во 2024 година е Виетнам, а потоа следат Колумбија и Индонезија.

Ова го покажа истражувањето спроведено меѓу повеќе од 12.000 иселеници од 174 земји и територии ширум светот.

InterNations побара од испитаниците да го рангираат своето задоволство од општите трошоци за живот и личните финансии во одредена земја, а Виетнам се најде на врвот на листата од 53 дестинации четврта година по ред.

На четвртото и петтото место на оваа листа на земји поволни за иселениците се Панама и Филипините, додека Индија го зазеде седмото, а Мексико на осмото место. Во првите десет се и Тајланд, Бразил и Кина.

Посебно место зазема регионот на Југоисточна Азија, кој има четири претставници на оваа листа, поточно Виетнам, Индонезија, Филипини и Тајланд.