Претседателот на ФЕД, Џером Пауел, сè уште е внимателен во врска со намалувањето на каматните стапки во САД

48

Претседателот на американската централна банка Џером Пауел и натаму е внимателен во однос на намалувањето на каматните стапки во Соединетите Американски Држави, се наведува во полугодишниот извештај што го презентираше пред американскиот Конгрес.

Банката на федерални резерви не смета дека е соодветно да се намали целниот опсег за стапката на федералните фондови додека не добие поголема доверба дека годишната инфлација во САД одржливо се движи кон 2 отсто, рече Пауел, според Си-Ен-Ен.

Според него, економските податоци за првиот квартал од 2024 година не придонесоа за поголема доверба во таквото сценарио, но најновите информации за инфлацијата во САД покажаа скромен напредок кон посакуваната цел, објавено е на веб-страницата на ФЕД.