Во најевтините американски држави, на едно лице му треба годишен приход од околу 40.000 долари за да ги покрие основните трошоци, според компанијата за финансиска технологија Smart Asset.
Според таа анализа, американската држава со најниски трошоци за живот е Западна Вирџинија, а потоа следат Арканзас и Оклахома, пренесува CNBC.
На едночлено домаќинство во Западна Вирџинија му треба приход од 39.386 долари за да ги покрие потребите како што се домување, транспорт, здравствена заштита, даноци и други општи трошоци.
Во Арканзас таа сума е околу 39.724 долари, во Оклахома – 40.211, а зад нив се Северна Дакота (40.262) и Кентаки (40.355).
Просечната годишна плата во САД за работниците со полно работно време е скоро 60.000 американски долари, според Бирото за статистика на трудот.
Како и да е, работниците со минимална плата во многу од најевтините држави во Америка нижат многу помалку од таа бројка, така што за 40-часовна работна недела, минималната плата од 8,75 долари за час во Западна Вирџинија е само 18.200 долари годишно.