Верне гради фабрика за роботакси во Хрватска

Верне во соработка со компанијата VGP започнува со изградба на фабрика за големо производство на автономни електрични возила.

Фабриката ќе биде лоцирана во Загреб, во Лучко, во рамките на „VGP Park Zagreb“, на површина од 28.500 метри квадратни. Сите возила на Верне ќе се произведуваат во Хрватска и оттука ќе се извезуваат низ целиот свет.

Хрватската компанија „Верне“, која неодамна го претстави својот иновативен екосистем на урбана автономна мобилност, започнува со изградба на објект што досега не е виден во Хрватска. Во рамки на новиот деловен парк од 8 хектари во Лучко – ВГП Парк Загреб, на 28.500 метри квадратни ќе биде лоцирана фабрика за масовно производство на автономни електрични возила. Производниот капацитет за Верн ќе го гради белгиската компанија ВГП, што е нејзина прва инвестиција во Хрватска. ВГПе европски снабдувач на висококвалитетна логистика и недвижности во лесната индустрија.

„Најдовме идеална локација и вистински партнер за изградба на нашата прва производствена фабрика на автономни возила во Загреб. Тука ќе се произведуваат сите возила на Верне. Во Хрватска ќе се произведуваат возила за сите пазари, со што нашата земја ќе добие клучна улога во модерната автомобилска индустрија. На самиот почеток ќе се произведуваат неколку стотици возила, а потоа фабриката ќе може да произведува и до 10 илјади возила годишно. Обемот на производство ќе се зголемува со текот на времето, следејќи ја динамиката на проектот. Изградбата на овој производствен капацитет за големо производство претставува клучен чекор за нашиот проект, но и за целата држава. Ќе отвориме бројни висококвалитетни работни места и на тој начин ќе ја привлечеме и задржиме работната сила во Хрватска“, вели Марко Пејковиќ, извршен директор на Вернe.