Земји од каде нѝ доаѓаат најмногу туристи – Турција лидер со 23.919 туристи

57

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2024 година изнесува 106 604, од кои 25.5 % се домашни туристи, а 74.5 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во мај 2024 година изнесува 200 439, од кои 29.4 % се од домашните туристи, а 70.6 % од странските туристи.

Во периодот јануари – мај 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.6 %, а кај странските има зголемување за 16.6 %.

Најмногу туристи нѝ доаѓаат од Турција. Во мај земјава ја посетиле 23.919 турски туристи. Бројот на туристи од Србија изнесува 5.883, зад нив се туристите од Германија 5.103. Од Грција дошле 3.012 туристи, а во првите пет земји од каде нѝ доаѓаат најмногу туристи е Бугарија со 2.837 туристи.

Во периодот јануари – мај 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 10.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8.8 %, а кај странските има зголемување за 11.0 %.