Колку луѓе на планетата поседуваат повеќе од 100 милиони долари

112

Во моментов во светот живеат околу 3.300 таканаречени супербогати луѓе, а тоа се луѓе кои поседуваат имот во вредност од повеќе од 100 милиони долари, според студијата на Global Wealth Report на Бостон консалтинг груп (BCG).

Со тоа бројот на супербогатите е зголемен за еден процент во однос на лани. Во исто време, бројот на оние кои поседуваат имот поголем од еден милион долари се зголеми на 555.000.

Според истата студија, во споредба со остатокот од светот, богатството во Германија е „надпросечно нерамномерно“ распределено.

BCG проценува дека овој тренд ќе продолжи и дека „супербогатите“ за пет години ќе поседуваат 26 отсто од вкупното богатство на Германија.

Најголем дел од „супербогатите“, 26.000 од нив живеат во САД, а потоа следи Кина со 8.300 супербогати. Германија е на третото место.