Инвеститорите во паника поради Трамп: „Пазарот не сака неизвесност“

88

Инвеститорите и финансиските аналитичари ширум светот се огласија по атентатот на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп за време на предизборниот митинг во Пенсилванија.

Џек Еблин, главен инвеститор во Cresset Capital во Чикаго, рече дека „сеништето на политичко насилство воведе сосема ново ниво на потенцијална нестабилност“. Тој додаде дека пазарот не сака неизвесност и нестабилност бидејќи никој не сака таков амбиент.

Еблин смета дека атентатот веројатно ја зголемил репутацијата на Трамп поврзана со неговата сила, пренесува Ројтерс. Поранешниот претседател на еден од комитетите во фирмата „Стандард и Пурс“ од Њујорк, Џон Чемберс, изјави дека е ужаснат од обидот за атентат врз поранешниот претседател.

„Тоа би можело да поттикне враќање на политичкото насилство, како што го доживеаја САД во 1960-тите“, рече тој, додавајќи дека таквиот исход може да биде тежок, но дека верува во силата на американските институции.

Брајан Јакобсен, водечки економист на Annex Wealth Management од Висконсин, рече дека прашање е како тоа ќе влијае на изгледите на еден кандидат во однос на друг.

„Дали тоа ќе го исфрли Трамп од игра? Тоа всушност може да ја зајакне решеноста на неговите поддржувачи да излезат на избори“, изјави тој и додаде дека засега не очекува реакција од финансиските пазари.

Претседателот на Групацијата Евроазија, со седиште во Њујорк, Јан Бремер, рече дека е длабоко загрижен што тоа може да донесе многу повеќе политичко насилство и социјална нестабилност.

Директорот на Age Research Group од Сингапур, Кун Гох, изјави дека шансите за победа на Трамп се зголемиле за 70 отсто по атентатот, но дека не е сигурен како тоа ќе се одрази на пазарите.

Водечкиот инвеститор во компанијата Vantage Point Asset од Сингапур, Ник Ферес, изјави дека изборната победа на Трамп ќе биде многу убедлива.

„Трамп отсекогаш бил повеќе ориентиран кон пазарот“, истакна тој, потсетувајќи дека по атентатот на Роналд Реган во 1981 година, неговата поддршка значително скокнала.