Нетфликс забележа раст којшто ги надмина проценките на Волстрит

94

Вкупната заработка на конгломератот за стрим-услуги Нетфликс во второто тримесечје забележа раст којшто ги надмина проценките на Волстрит, според новиот извештај на компанијата.

Така, долната линија на стрим-платформата достигна 2,15 милијарди долари или 4,88 долари по акција. Ова се споредува со 1,49 милијарди долари, или 3,29 долари по акција, за истиот период лани.

Приходите на компанијата за тримесечјето се зголемија за 16,7 отсто – на 9,56 милијарди долари од 8,19 милијарди долари минатата година.

Во вториот квартал, лидерот на пазарот за стрим-услуги доби 8 милиони претплатници, што е зголемување од 37 насто во однос на истиот период лани, според наводите.

Нетфликс сега има околу 277,7 милиони претплатници ширум светот.