Цените на нафтата паднаа втора недела по ред

55

На светските берзи цените на нафтата паднаа и минатата недела, втор пат по ред, за повеќе од 2,5 отсто, што главно е последица на загриженоста за бавното закрепнување на кинеската економија, најголемиот светски увозник на „црното злато“.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,8 отсто, на 82,63 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 2,6 отсто, на 80,13 долари.
Падот на цената на нафтата најмногу се должи на загриженоста поради знаците на слаба побарувачка во Кина.

Минатата недела беше објавено дека бруто домашниот производ (БДП) на Кина пораснал за 4,7 отсто во вториот квартал во споредба со истиот период минатата година, побавно од очекуваното и побавно од растот во претходниот квартал.