Европските берзански индекси растат

39

Цените на европските акции пораснаа во понеделникот наутро, враќајќи дел од минатонеделните загуби, бидејќи инвеститорите исто така ги следеа вестите откако Бајден се повлече од трката за втор претседателски мандат.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции се зголеми за 0,5 отсто во 9:30 часот, откако минатата недела се лизна на најниското ниво во последните две недели.

Лондонски FTSE индекс утринава зајакна 0,50 отсто, на 8.196 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,46 отсто, на 18.255 поени, а париски CAC за 0,53 отсто, на 7.575 поени.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 31.705 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.401,31 долари за унца, а на пченицата на 5,5295 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08904, што е приближно исто како и во петокот, пренесува Танјуг.