На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,29 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,32 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 157,35 на 156,80 јени.
Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0890 долари, додека вчера во ова време беше 1,0895 долари.
Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово изнесув 82,34 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,01 отсто, на 78,28 долари.