Kолку долго постојат најголемите светски компании – една е од 1889 година

69

Многумина од нас не знаат од кога постојат големи компании кои се здобија со легендарен статус, станувајќи едни од најголемите компании во светот. Најстарата компанија на листата, Нинтендо, е основана во 1889 година, додека најновата, Фејсбук и Тесла, се основани во 2003 година, но сите имаа масовно влијание врз модерното општество и глобалната економија.

Иако многу од овие добро познати компании се основани кон крајот на 20-от и почетокот на 21-от век, импресивно е што постарите компании како Нинтендо, Дизни и Самсунг, кои беа основани кон крајот на 19-от и почетокот до средината на 20-от век, продолжуваат да напредуваат и остануваат влијателни во нивните индустрии.

Фејсбук – во 2003 година
Фејсбук е основан од Марк Цукерберг и Едуардо Саверин кои биле цимери на факултет. Првично беше наречен Facemash и почна да работи во 2003 година. Првичната идеја на оваа мрежа беше цимерите да објавуваат фотографии и другите корисници да коментираат дали се „жешки или не“. Меѓутоа, една година подоцна, тогаш 19-годишниот Цукерберг го лансираше она што сега е познато како Фејсбук од неговата соба на колеџ. Популарноста на оваа мрежа почна брзо да расте. За само неколку месеци стана хит на кампусот, а наскоро и низ целиот свет.

Тесла – 2003 година
Компанијата е основана во 2003 година од Илон Маск и инженерите Мартин Еберхард и Марк Тарпенинг, под името Tesla Motors. М

Гугл – во 1998 година
Google беше започнат како истражувачки проект во јануари 1996 година од Лари Пејџ и Сергеј Брин, двајца поранешни студенти на Универзитетот Стенфорд од Калифорнија. Нивниот пребарувач првично беше наречен BackRub. Доменот google.com е регистриран на 15 септември 1997 година, а компанијата е основана на 17 септември 1998 година.

Нетфликс – 1997 година
Марк Рендолф и Рид Хестингс го основаа Нетфликс на 29 август 1997 година во долината Скотс. Нетфликс беше лансиран како прва онлајн продавница за изнајмување ДВД филмови, со само 30 вработени и достапни 925 наслови.

Амазон – во 1994 година
Амазон е основан во 1994 година од Џеф Безос во Сиетл како онлајн книжарница. Пред тоа, Џеф беше потпретседател на компанијата D. E. Shaw, која ја напушти и создаде свој бизнис план за онлајн продажба.  Првата добивка компанијата ја оствари во 2001 година во износ од 5 милиони долари. Со текот на времето, понудата на компанијата се прошири и вклучува софтвер, видео игри, електроника, облека, па дури и храна, мебел, играчки и накит.

Apple – во 1976 година
Почетокот на модерната компјутерска ера и самиот Apple беше во 1975 година.Apple е американска компјутерска компанија со седиште во Силиконската долина. Apple е една од компаниите кои помогнаа да се започне револуцијата на персоналните компјутери во доцните 1970-ти. Кон крајот на 1990-тите, Apple го префрли својот фокус од компјутерите на други производи, особено на iPod, iTunes Music Store и iPhone. Поради сето ова, Apple ја стекна репутацијата на најголемата технолошка корпорација во светот во 2011 година, во времето на смртта на нејзиниот основач и долгогодишен извршен директор Стив Џобс.

Самсунг – 1938 година
Samsung започна како мала трговска компанија со четириесет вработени во Су-донг. Тие одгледувале локална храна и правеле тестенини.Во доцните 60-ти, Samsung Group влезе во електричната индустрија.

Дизни – во 1923 година
Компанијата Волт Дизни е американска компанија со седиште во Бурбенк. Дизни е основан на 16 октомври 1923 година од браќата Волт и Рој О. Дизни под името Disney Brothers Studio.

Нинтендо – 1889 година
Нинтендо е компанија основана на 23 септември 1889 година од Фусаџиро Јамаучи. години. Се занимава со производство на софтвер и хардвер. Според приходите, Nintendo е најголемиот производител на видео игри во светот. Седиштето на компанијата се наоѓа во Кјото. Некои од најпознатите производи се Game Boy, Nintendo DS и Nintendo Vi. На чело на компанијата од 1949 до 2002 година беше Хироши Јамаучи, кој е заслужен за трансформирање на компанијата од мал производител на картички во една од најважните куќи за видео игри.