Џонсон Мети отвора нови погони во Бунарџик

72

b89a28c3-c910-4c60-bc73-98fadbeaabb6На локацијата на својата фабрика за катализатори во слободната економска зона Бунарџик, компанијата Џонсон Мети денес свечено ќе ги отвори новите производствени погони во кои вложи 60 милиони евра.

Погоните ќе ги отворат премиерот Никола Груевски, извршниот директор на ТИРЗ, Виктор Мизо, амбасадорот на Велика Британија, Кристофер Ивон и извршниот директор во Џонсон Мети, Џон Вокер.

Претходно премиерот Груевски ќе присуствува на поставување камен темелник на Технолошко-индустриската развојна зона-Тетово (ТИРЗ-Тетово се наоѓа на автопатот Е-65, на 3 километри источно од Тетово).