На нафтените пазари цените на барелот паднаа на најниско ниво во последните седум недели поради изгледите за намалување на глобалната побарувачка. Барел „брент“ во Лондон утринава се тргува по 79,36 долари или 0,43 отсто пониско од претходниот ден, а барел „ВТИ“ на американскиот пазар е 75,46 долари или 0,46 отсто пониско.
На азиските берзи “затишје пред бура“
На азиските берзи во вторник е мирно, пред клучните состаноци на Банката на Јапонија и ФЕД, како и низа деловни и макроекономски најави, кои треба да им дадат дополнителни насоки на инвеститорите.
Инвеститорите сметаат дека ФЕД нема да ги намали каматните стапки оваа недела и дека ќе ги намали за 25 базични поени во септември. Тие исто така чекаат да видат што ќе направи Банката на Јапонија.