Pfizer во вториот квартал со пад на добивката и раст на приходите

50

Американскиот фармацевтски гигант Pfizer забележа значителен пад на добивката во вториот квартал од оваа година. Добивката изнесуваше 41 милион долари, додека претходната година изнесуваше 2,3 милијарди долари. Приходите на компанијата благо се зголемија на годишно ниво.
Споредено со вториот квартал од минатата година, приходите на компанијата се зголемени за 2,1 отсто, од 13 милијарди на 13,3 милијарди долари (12,3 милијарди евра), ги сумира деловните резултати на германската новинска агенција dpa.

Фармацевтската компанија се соочува со помала побарувачка за својата вакцина против Ковид-19 во текот на изминатата година.

Приходите од вакцините против Ковид-19 паднаа за 87 отсто на годишно ниво. Приходите на сметка на лекот за ковид паксловид се зголемија за 79 отсто, објави француската новинска агенција АФП.

Продажбата на лековите vyndaqel, eliquis и vydura, исто така, придонесе за зголемување на приходите, според АФП.