Пораснаа цените на златото и нафтата

68

Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, златото поскапе, а трговците со нафта внимателно ја анализираат можната реакција на Иран на атентатот на политичкиот лидер на палестинското движење Хамас, Исмаил Ханије во Техеран.
Според извештаите, индексот на економската активност во производството во Соединетите Американски Држави достигна 46,8 поени, што е полошо од очекуваното и сигнал за економска контракција што ги загрижи инвеститорите, пренесува CNBC.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта WTI се искачи на 76.99 долари, а цената на нафтата од типот брент  на 80.13 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 36,9 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.464,17 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,3178 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот падна на 17.850,25 поени, францускиот CAC 40 на 7.332,54 поени, британскиот FTSE 100 на 8.242,85 поени, а московскиот MOEX на 2.918,92 поени.