За пазарот на недвижности во Дубаи нема зима

115

Продажбата на станбени имоти во Дубаи се зголеми за 33,5 отсто во првата половина на 2024 година, покажуваат податоците на една од најголемите брокерски фирми Engel Walkers Middle East.
Според соопштението на компанијата, оваа метропола забележала и вкупна продажна вредност од 61,8 милијарди долари, што е раст од 31 отсто во однос на првата половина од 2023 година.

Компанијата соопшти дека пазарот ја продолжил својата импресивна траекторија на раст, соборувајќи рекорди и поставувајќи нови одредници.

Со оглед на тоа што населението на Дубаи расте за повеќе од 100.000 годишно, а економијата ќе се прошири за четири проценти во 2024 година, изгледите за пазарот на недвижнини остануваат позитивни.

Покрај тоа, сегментот на луксузни недвижности во Дубаи продолжува да напредува, со зголемување на трансакциите за 47 проценти на годишно ниво.