Кинеските компании складираат чипови од високата класа на Samsung поради можните американски санкции

74

Кинеските технолошки гиганти, вклучувајќи ги Huawei и Baidu, складираат чипови од високата класа на Samsung бидејќи очекуваат нови санкции од Вашингтон за извозот на чипови во Кина, пишува бриселски Euractive, повикувајќи се на три неименувани извори.

Од почетокот на годината, кинеските фирми сè повеќе почнаа да купуваат моќни чипови со висок пропусен опсег (HBM) кои имаат капацитет за операции со вештачка интелигенција (ВИ).

Во првата половина од оваа година 30 отсто од приходите на Самсунг од продажба на чипови биле од кинески технолошки компании, додава еден од споменатите извори.