
Индексот на трошоците на животот во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи зголемување од 3.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 %.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, изнесува 0.7 %.
Зголемувањето на инфлацијата во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 5.8 %, транспорт за 4.9 %, рекреација и култура за 1.2 %, здравје, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.
Во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: облека и обувки за 0.5 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.2 %, комуникации за 0.1 %.
Трошоците на животот во групите: мебел, поќукнина и одржување на домаќинствата и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во јули 2024 година во однос на јуни 2024 година изнесува 101.5.











