Delta Air Lines денеска соопшти дека поднесува тужба против Crowdstrike и Microsoft по глобалниот прекин минатиот месец предизвикан од неисправно ажурирање на софтверот што ги наруши плановите за патување на 1,3 милиони патници.
Тоа ја чинеше американската авиокомпанија повеќе од 500 милиони долари отштета, објави Ројтерс.
„Нема основа да се сугерира дека Делта на кој било начин е одговорна за неисправниот софтвер што ги урна системите ширум светот, вклучително и нашиот“, напиша адвокатот Дејвид Бојс, кој ја застапува Делта.