Етиопија гради „мега – аеродром“ вреден 6 милијарди долари

87

Ethiopian Airlines и консултантската куќа Дар од Дубаи потпишаа договор за дизајнирање на „мега-аеродром“, најголемиот во Африка, вреден шест милијарди долари, во близина на главниот град Адис Абеба.

Новиот аеродром со четири писти ќе опслужува 100 милиони патници годишно, изјави  генералниот директор на авиокомпанијата Месфин Тасев, пренесува Бета.

„Првата фаза ќе биде изградба на аеродромски инсталации со капацитет за 60 милиони патници годишно, а со завршување на втората фаза ќе се зголеми на 100 милиони патници годишно“, рече Тасев.

Според договорот, компанијата Дар ќе и помогне на Ethiopian Airlines да избере изведувач.

Ethiopian Airlines е најголемата авиокомпанија во Африка, со обрт од седум милијарди долари во 2023/2024 година и превезува 17,1 милиони патници.