Швајцарската компанија за реосигурување Свис Ре објави дека природните катастрофи што се случија во првата половина од годината во светот предизвикаа загуби од 120 милијарди долари.
„Во последниве години, бурите беа главен фактор, а настаните со големи загуби поради град најверојатно ќе зачестат“, рече Балц Гролимунд, раководител на одделот за ризик од катастрофи, пренесе Б92.
Во САД 12 бури предизвикаа штета од најмалку една милијарда долари.
Загубите од невремето во САД се зголемени за осум проценти од 2008 година, според компанијата.
„Осигурените загуби од бури и грмотевици се зголемија поради повеќе причини, вклучително и инфлацијата која придонесе за повисоки трошоци“, рече главниот економист во Swiss Re.
Затоа, како што оценува, потребно е да се инвестира во превентивни мерки, заштита на заедниците од поплави или подобрување на стандардите за градба или опремување против силно невреме.