Невработеноста кај младите во светот минатата година се намали на околу 13 проценти

71

Во извештајот на Меѓународната организација на трудот (МОТ) се предвидува дека оваа стапка ќе падне на 12,8 отсто.

Невработеноста на младите ширум светот минатата година падна на околу 13 отсто, што значи дека околу 64 милиони луѓе на возраст меѓу 15 и 24 години биле без работа ширум светот.

Извештајот на Меѓународната организација на трудот (МОТ) предвидува дека стапката ќе падне на 12,8 отсто оваа и следната година, и се наведува дека стапките на невработеност во 2023 година се вратиле на нивоата пред Ковид-19, но не во сите региони во светот, објави Ројтерс.

За младите во арапските земји, Источна Азија, Југоисточна Азија и Пацификот, стапките на невработеност кај младите минатата година беа повисоки отколку во 2019 година, при што трендот во арапските земји се случи пред пандемијата, додека азиските подрегиони забележаа зголемување на невработеноста.

Во извештајот се наведува и дека просечната возраст на вработените во Африка е многу пониска отколку во развиените земји во светот, што може да доведе до можни проблеми кога станува збор за економската стабилност.