
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека нормализирањето на состојбите во државата значи домаќинско работење, базирано на чесност и принципи. Вели дека затекнале држава во хаос, а се борат да направат ред и доследност.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски ме извести дека на наплатните рампи во јули 2024 година има промет од 470.194.563 денари што е повеќе за цели 16.071.251 денари, споредено со истиот период лани, oбјави Мицкоски.











