Македонија во јуни ја посетиле 92.219 странски туристи од нив дури 33.757 од Турција

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2024 година изнесува 119. 751, од кои 23.0 % се домашни туристи, а 92. 219 или 77.0 % се странски туристи.

И во јуни како и во изминатите неколку месеци најбројни се туристите од Турција со дури 33.757, а по нив следуваат туристите од соседна Србија 7.909. Во првата петорка влекуваат и туристите од Холандија 4.340, Германија со 3.515 и Грција со 3.129 туристи.

Бројот на ноќевањата во јуни 2024 година изнесува 245 249, од кои 27.6 % се од домашните туристи, а 72.4 % од странските туристи.

Во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.3 %, а кај странските има зголемување за 14.4 %.

Во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9,9 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.3 %, а кај странските има зголемување за
11.8 %.