Руската економија во вториот квартал годинава порасна за четири отсто на годишно ниво

88

Руската економија порасна за четири отсто на годишно ниво во вториот квартал на 2024 година, објави руската Федерална државна служба за статистика (Росстат).

На растот на економијата, според извештаите, најмногу влијаеле прометот на големо, кој во вториот квартал од таа година пораснал за 8,3 отсто на годишно ниво, како и прометот на мало за 7,3 отсто и преработувачкото производство за 7,3 отсто.

Економијата забави во однос на првиот квартал од 2024 година, кога растот на рускиот БДП на годишно ниво беше забележан за 5,4 отсто, пренесува Комерсант.