Голдман Сакс прогнозира дека Саудиска Арабија ќе ги намали инвестициите во нафтената индустрија

49

Њујоршката банкарска корпорација Голдман Сакс предвидува дека Саудиска Арабија значително ќе ги намали инвестициите во нафтената индустрија бидејќи се обидува да ги диверзифицира своите извори на приход.

Според прогнозата, Саудиска Арабија најверојатно ќе пренасочи околу 73 отсто од своите средства во ненафтени сектори до 2030 година, што е повеќе од претходната прогноза на Goldman Sachs од 66 отсто.

Официјален Ријад одлучи да го промени имиџот на Саудиска Арабија и да ја намали нејзината зависност од продажба на сурова нафта и планира до крајот на оваа деценија да инвестира трилион долари во нови економски сектори.