Падна вредноста на доларот

54

Вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна минатата недела бидејќи се зајакнаа очекувањата дека американската централна банка, Федералните резерви (ФЕД) ќе ги намали каматните стапки во септември, па еврото се проби над 1,1 американски долар.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,7 отсто, на 102,40 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на еврото падна за околу еден процент, па цената на еврото достигна 1,1027 долари, пренесе „Мина“.

Сепак, американската валута зајакна во однос на јапонскиот јен, за 0,7 отсто, па нејзиниот курс достигна 147,6 јени (ЈПЈ).

Слабоста на доларот во однос на повеќето од најважните светски валути е резултат на зацврстените очекувања дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки на состанокот следниот месец.

Имено, податоците за потрошувачките и производствените цени објавени минатата недела покажаа дека инфлацијата во САД и натаму постепено се намалува, па полека се приближува до целното ниво на ФЕД од два отсто.

Поради ова, пазарот проценува дека има околу 75 отсто шанси ФЕД да ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени во септември.

Пред десетина дена беше проценето дека постои голема можност ФЕД на таа седница да ги намали каматните стапки за поостри 0,5 процентни поени, бидејќи инвеститорите се плашеа од рецесија на американската економија.

Сепак, изгледите и за рецесија и за поостро намалување на каматните стапки избледеа минатата недела по извештаите за солиден раст на трошоците во САД, најголемиот двигател на бруто домашниот производ (БДП).

Стравувањата од рецесија стивнаа благодарение на извештајот за пад на невработеноста, кој покажува дека пазарот на трудот е сè уште силен.

Со цел да се ублажи разликата во каматните стапки меѓу САД и Европската централна банка со намалување на каматните стапки на ФЕД, курсот на еврото минатата недела се проби над 1,1 долар, блиску до највисокото ниво оваа година.

Следната недела во фокусот на инвеститорите ќе биде говорот на претседателот на ФЕД, Џером Пауел, на традиционалниот годишен состанок на централните банкари во Џексон Хол. Останува да се види дали Пауел ќе „сигнализира“ дека очекувањата за намалување на каматните стапки во септември се оправдани.