Римац: Работиме на нов хиперавтомобил, ќе има едно седиште и нема да ги следиме правилата

102

Компанијата Rimac Automobili планира да направи хиперавтомобил само за патеката и со само едно, централно лоцирано седиште, потврди Мате РИмац за Motor1.

„Одлучивме не само да ги поместиме границите на патните автомобили, туку и на тркачките автомобили“, изјави Римац за Motor1.

„Значи, градиме автомобил за патека, едносед кој ќе биде побрз од кој било тркачки автомобил на повеќето патеки. Побрз од Формула 1, побрз од Ле Ман“, рече Римац.

Овој тип на автомобил е голем чекор напред за Rimac Automobili, која досега произведуваше само двоседи со електричен погон, пишува порталот и додава дека Римац изјавил дека автомобилот нема да се базира на Nevera, туку ќе биде изграден на негова сопствена, посебна платформа.

„Веројатно ќе го покажеме оваа година и ќе ги направиме првите патеки следната година“, изјави Римац за Motor1.

Римац потврди дека едноседот ќе биде возило само за тркачки патеки и дека нема да биде приспособен за возење по патишта. Исто така, тој вели дека автомобилот нема да ги почитува утврдените правила.

„За безбедност, да, но се останато? Нема правила“, вели Римац. „Автомобилот нема да се придржува до правилата на Формула 1 или ЛМП“, додават Хрватот.