Националната нафтена корпорација на Либија (НОК) објави дека неодамнешното затворање на нафтените полиња во земјата предизвика пад на вкупното производство на нафта од приближно 63 отсто.
Истакнувајќи дека нафтениот сектор е столбот на либиската економија, НОК посочува дека рестартирањето на застојаните нафтени полиња ќе бара огромни трошоци и технички напори, објави Ројтерс.
Се нагласува дека „причините што доведоа до затворање немаат никаква врска со Националната нафтена корпорација“, со напомена дека тимовите на корпорацијата сè уште ги проценуваат загубите што настанале.
„Повторените запирања на нафтените полиња, исто така, предизвикуваат влошување на инфраструктурата на секторот и го оневозможуваат реализирањето на планот за зголемување на производството“, додава НОК.
Производството на нафта во Либија е намалено за повеќе од половина во последните денови, а извозот е запрен на неколку пристаништа, бидејќи конфликтот меѓу ривалските политички фракции во земјата околу централната банка и приходите од нафта се заканува да го наруши четиригодишниот период на релативен мир.