Турција официјално побара членство во групата БРИКС, со цел да го зајакне своето глобално влијание и да изгради нови врски надвор од традиционалните западни сојузници, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.
Ставот на администрацијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган е дека геополитичкиот центар на гравитација се оддалечува од развиените економии, велат извори.
„Турција може да стане силна, просперитетна, престижна и ефикасна земја доколку истовремено ги подобри односите со Истокот и Западот. Секој друг метод нема да биде од корист за Турција, туку ќе ѝ наштети“, рече Ердоган.
Според Блумберг, одлуката на Турција да се приклучи на БИРКС доаѓа делумно по одредено заладување во односите со Западот, што се случи откако Турција одлучи да остане во добри односи со Русија.
Групата БРИКС се состои од Бразил, Индија, Кина, Јужна Африка, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Етиопија и Египет, а Саудиска Арабија е поканета да се приклучи.
Кон крајот на октомври во Казан, Русија, може да се зборува за кандидатурата на Турција, пишува Блумберг.
Малезија, Тајланд и Азербејџан се меѓу другите земји кои сакаат да се приклучат на БРИКС.