ОПЕК + го одложи планираното зголемување на производството на нафта во октомври

73

Членките на ОПЕК + ги одложија плановите за зголемување на производството на нафта за планирани 180.000 барели дневно во октомври, како дел од програмата за постепено враќање на 2,2 милиони барели дневно на пазарот во наредните месеци.

Зголемувањето е одложено за два месеца, изјавија два извори на ОПЕК +, кои зборуваа под услов да останат анонимни поради чувствителноста на преговорите, според CNBC.

Намалувањето од 2,2 милиони барели дневно, кое беше спроведено во вториот и третиот квартал, требаше да истече на крајот на овој месец.

Тоа намалување доброволно го поддржаа членките на коалицијата ОПЕК+: Алжир, Ирак, Казахстан, Кувајт, Оман, Русија, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, пишува Политика.