Цените на нафтата пораснаа

73

Цените на нафтата денеска благо пораснаа, но се чини дека нема да го надоместат падот од првиот дел од оваа недела, па се очекува позначителен неделен пад.
Трговците се загрижени поради забавувањето на растот на најголемите светски економии бидејќи тоа би можело да ја намали побарувачката на нафта, јавуваат странските новински агенции.

Суровата нафта „West Texas Intermediate“ за испорака во октомври достигна вредност од 69,43 долари за барел до 8:30 часот по ET, што е за 28 центи повеќе од четвртокот. Северноморската нафта брент за испорака во ноември поскапе за 26 центи на 72,95 долари, покажуваат податоците на американскиот медиум Блумберг.