Бил Гејтс откри уште колку сака да работи

89

Тој се надева дека ќе ги следи стапките на долгогодишниот пријател Ворен Бафет, кој на 94-годишна возраст е извршен директор на инвестицискиот конгломерат Беркшир Хатавеј.

“Мојот пријател Ворен Бафет сè уште доаѓа во канцеларија шест дена во неделата. Затоа се надевам дека здравјето ми дозволува да бидам како Ворен”, рекол Гејтс.

Тој мисли дека има уште толку многу што сака да направи. Тој останува советник на Мајкрософт за технолошки развој и користи голем дел од своето време за финансирање потенцијални решенија за глобалните проблеми со богатство  според американскиот деловен весник Форбс.

Некои од овие прашања се во фокусот на последниот проект на Гејтс, т.е. на претстојниот документарен серијал од пет дела на Нетфликс наречен „Што е следно? Иднината со Бил Гејтс“(What’s Next The Future With Bill Gates), чија премиера е закажана за 18 септември.

„Фондацијата („Бил и Мелинда Гејтс“) следната година ќе одбележи 25 години. Не се ослободивме од детската парализа, не се ослободивме од маларијата. Јас сум многу, многу посветен на тие работи. Сакаме да повторно ја преполови смртноста кај децата од пет милиони на 2,5 милиони“, рече Гејтс.

Тоа го посочи како причина зошто сака да работи што подолго. За него што е можно подолго значи најмалку 10 години доколку, како што самиот повтори, здравјето му дозволува. Сепак, се надева дека тоа ќе трае многу подолго од 10 години, односно 20 или 30 години.