Министерството за економски развој на Русија очекува да започне директни летови од земјата до Саудиска Арабија на почетокот на 2025 година, соопшти руското одделение за мултилатерална економска соработка и специјални проекти на тоа министерство.
Шефот на тој оддел Никита Кондратиев наведува дека е во тек развој на отворање директни летови со Саудиска Арабија и Малезија, пренесе ТАСС.
„Се надеваме дека од 2025 година ќе започнат директни летови за Саудиска Арабија, што ќе овозможи приливот на туристи од земјата да се зголеми двојно, можеби дури и три пати“, рече тој.