
Ласло Наѓ Перге ја прецрта модерната интерпретација на Југо во нова каросерија и повторно заврши одлична работа.
Перге уште еднаш претставува одлично дело – Yugo XE! Да, на многумина нема да им се допадне бидејќи се работи за електричен Југо, но изгледот на вистински теренец сепак ќе им се допадне на повеќето. Ласло Наѓ Перге, повторно воодушевува со своето ново дело.

Темата е повторно Југо, но овој пат во модерен теренец, односно теренска верзија. А како треба да има добри теренски способности укажуваат големите тркала со теренски гуми, па ништо не може да го спречи овa Југо, пишува autogaraza.hr.
Напред се карактеристични коцкасти светла, овој пат во ЛЕД технологија, како и целосен капак на моторот, додека од страна се издвојуваат задните врати, како и скриените рачки за отворање .











